Руски здравствени официјални лица ги повикаа сите што не можат да дојдат до неопходни лекови против болки поради рак, директно да го контактираат Министерството за здравство. Изјавата беше дадена откако зачестија самоубиствата на пациенти заболени од рак.
Повеќе од 10 луѓе заболени од рак извршија самоубиство во Москва во изминатите четири месеци, а меѓу нив се кардиолог и професор по психологија. Последното во низа самоубиство се случи минатата недела кога се обеси 36-годишен маж.
За многумина од нив се смета дека имале неподносливи болки.
Портпарол на Министерството во изјава за радиостаница рече дека на многу клиники не се даваат лекови против болки како што е морфиум, иако би требало. Тој рече дека заболените од рак што не можат да добијат лекови против болки да го контактираат министерството преку телефон или преку електронска пошта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.