| четврток, 6 декември 2018 |

Чешките политичари без единствен став за датумот за воведување на еврото

A bank employee counts Euro notes at Kasikornbank in Bangkok

Чешкото политичко раководство за време на викендот разговараше за воведување на еврото во земјата, јави дописникот на МИА од Прага.

Иницијатор на средбата е поддржувачот на европската платежна валута, претседателот на државата Милош Земан, кој се сретна со премиерот Бохуслав Соботка, министерот за финансии Андреј Бабиш и актуелниот и иден гувернер на Чешката народна банка (ЧНБ), Мирослав Сингер и Јиржи Руснок.

Според изјавите по состанокот, политичкиот врв нема единствен став за што побрзо воведување на еврото.

Министерот за финансии смета дека граѓаните не се доволно информирани за тоа што носи воведувањето на еврото и поддржува оддржување необврзувачки референдум, кој би се споил со парламентарните избори во 2017 година.

Премиерот Соботка го отфрла предлогот сметајќи дека Чесите еднаш веќе гласаа на референдум за влез во ЕУ, кој соддржи и обврска за прфаќање на еврото како платежно средство.

Соботка го повтори својот став дека поддржува воведување на европската валута, но во иднина.

Актуелниот гувернер на ЧНБ, Сингер не е за брзо прфаќање на еврото поради ситуацијата во Грција и опасноста од појава на економски застој и покрај тоа што во моментот Чешка ги исполнува условите.

Руснок, кој претседателот го планира за иден гувернер, засега има неутрален став.

Земан, кој е поддржувач на еврото и кој за време на својот мандат постојано се навраќа на темата за што побрз влез на Чешка во еврозоната, смета дека еврото е постабилна валута од националната круна која изминатите години поради инфлацијата ја намали својата вредност за 46 проценти.

Опозициските партии, исто така, се подделени по однос на оддржувањето референдум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top