Американскиот потпретседател Џо Бајден соопшти дека неговиот 46-годишен син почина од рак на мозокот, пренесува Business Insider.
Во писмената изјава потпретседателот изјави:
„Целото семејство е во тага, но знаеме дека духот на Бо и понатаму ќе живее во сите нас, особено низ неговата сопруга Хејли и нивните две дечиња, Натали и Хантер“.
Младиот адвокат имал мозочен удар во 2010 година, а во 2013 година се лекувал од рак во Хјустон. Служел во Ирак како капетан во Националната гарда на Делавер.
Тој студирал право, одел по стапките на неговиот татко, а имал и планови да се кандидира за гувернер на Делавер.
Смртта на Бо Бајден е уште еден голем удар за потпретседателот кој ги загубил сопругата и ќерката во сообраќајна несреќа во 1972 година, по неговиот избор во Сенатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.