Со даночни олеснувања хрватската влада ќе ги помага весниците во државата. Синдикатот на новинари на Хрватска го поздрави најавеното даночно ослободување за печатените медиуми погодени од економската криза и упати апел до Владата да влијае врз работодавците за задржување на работните места и овозможи подобри услови и вработување.
Владата со надлежните институции треба да придонесе корист од тоа намалување на ДДВ да почувствуваат новинарите и сите вработени во медиумите, стои во отвореното писмо од Синдикатот. Оттаму укажуваат дека има можност повластениот ДДВ да биде условен со заштита на работните места во сите редакции и заштита на најзагрозените групи во струката.
Сепак, хрватските новинари, во зависност од однесувањето на Владата, не ја исклучуваат можноста за штрајк и соработка со други синдикати, а како законска основа наведува непотпишување на националниот колективен договор.
Последниве четири години околу 350 новинари останале без работа, а 750 се невработени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


