| четврток, 6 декември 2018 |

Што предвидува хороскопот за јуни

ОВЕН

Нема да ви недостасуваат љубовни прилики. Ќе го плените вниманието на спротивниот пол и ќе уживате во флертот, но вашата неодлучност или потребата за внимание, може да се покажат како проблематични. Вие што сте во врска или брак, немојте да ги гушите партнерите со љубоморно и посесивно однесување.

На работен план, јуни ќе изобилува со препреки и предизвици. Личните инхибиции и фрустрации немојте да ги празните на вашите соработници или работни партнери. Бидете промислени и пронајдете во нив сојузници.

БИК

Односот со саканата личност ќе биде квалитетен и стабилен. Се сакате и ги уважувате меѓусебните различности и нема да ви пречи ако едниот од вас биде повеќе ангажиран со надворешни обврски или средби со пријателите. Самците ќе бидат привлечни и шармантни. Неочекуваната средба ќе има судбоносен предзнак.

Кога е во прашање работата, се ви оди од рака, па првата половина на септември е погодна за започнување на нови проекти и реализација на идеите. Соработката со странците се движи во нагорна линија. Кон крајот на месецот избегнувајте ги конфликтит со влијателните личности.

Во првата половина од месецот ќе бидете во топ форма, но после 20 се очекува пад на енергијата и нерасположение.

БЛИЗНАЦИ

Вашата презафатеност и недостаток на време за семејството, ќе биде главна причина за кавги и расправии. Пренатрупаниот дневен распоред ќе ве оддалечи од вашите блиски, па затоа направете напори да им посветите доволно време. Самците ќе се загледаат во популарна и успешна, но недостижна личност.

Нагласено сте амбициозни и сакате да го искористите целиот свој потенцијал, но работите нема да се одвиваат по замислената маршрута. Контактите со влијателните поединци ќе ви помогнат да ги совладате препреките со кои ќе се сретнувате. Ако водите приватен бизнис, вложете во квалитетна промоција.

Занемарувањето на здравјето ќе дојде на наплата. Уредниот начин на живеење ќе биде пресуден за одржувањето на здравјето.

РАК

Чувството на несигурност ќе внесе сомнежи во искреноста на партнерот. Не брзајте со вашите заклучоци и обидете се со отворена комуникација да ги отстраните сите проблеми. Самците ќе пронајдат бегство од осаменоста во прегратка на одредена зафатена личност. Комплицирано е. Внимавајте!

На работен план имате многу идеи и планови, но сега не е најдобро време за нивна реализација. Многу подобро ќе се снаоѓате во улога на советодавач, отколку како раководител. Втората половина на месецот отвора нови работни можности.

Често ќе ве следи чувство на умор и малодушност. Обидете се повеќе да се одморате и избегнувајте ги стресните ситуации.

ЛАВ

Многу сте убави и привлечни, па магнетски го привлекувате спротивниот пол. Пред вас е месец на нови љубовни приказни. Оние што се во врска или брак ќе ја планираат заедничката иднина, а некои парови ќе се решат на смели чекори – веридба и заедничко живеење.

За многумина од вас јуни ќе биде многу значаен месец. Можни се материјални придобивки или еднократен паричен бонус, како награда за вложената работа и труд. Ако планирате да влезете во поголеми трошоци или набавка на нова работна опрема, сега е вистинско време за реализација на идејата.

Ќе вложувате многу труд во одржувањето на привлечниот изглед. Се чувствувате убаво во својата кожа.

ДЕВИЦА

Концентрирајте се на решавање на проблемите кои ве оддалечуваат од партнерот. Неодамнешните тешкотии и обостраната зафатеност, оставија траги на вашиот однос, па пробајте да ги средите работите со искрен разговор. Кон крајот на месецот самците ги очекува убаво изненадување.

Не сте многу среќни во работното окружување, затоа што мислите дека не сте доволно ценети. Не се обидувајте да ја истерате правдата со викање и конфронтирање. Веќе кон средината на месецот ќе добиете прилика да ги докажете своите способности. Доколку сте во потрага по работа, сосема неочекувано ќе добиете многу вредна информација.

Вашиот имунитет е намален, па убаво би било да внесете повеќе витамини и минерали во исхраната. Можни се проблеми со дишните патишта и различни инфекции.

ВАГА

Емотивниот живот ќе ве исполнува со задоволство. Партнерот ќе го доживувате како љубовник и како пријател и со негова/нејзина помош, полесно ќе се носите со секојдневните проблеми и предизвици. Самците од знакот, во пријателот ќе препознаат љубовен и еротски потенцијал.

Кога е во прашање работата, јуни ќе биде стресен и исполнет со неочекувани проблеми и компликации. Втората половина од месецот носи подобрени материјални и финансиски можности, кои ќе бидат одраз на вложениот труд и енергија од претходните месеци.

Сакате да го подобрите својот изглед, па размислувате за диети и повеќе телесни активности. Зголемена е можноста за уролошки инфекции.

СКОРПИЈА

Ќе вложувате многу труд во својот изглед и имиџ. Сакате на сите да им се допаднете, но тоа не е секогаш возможно. Личноста која сакате да ја импресионирате, ќе ја заинтригирате со природност и спонтаност. Оние што се во брак, ќе вложуваат во адаптација на станот или набавка на нов автомобил.

Поради природата на вашата работа, постои можност често да патувате или да бидете на терен. Комуникацијата со околината ќе биде поттикнувачка, а информациите до кои ќе доаѓате ќе ви користат во кариерата. Чувајте се од непромислени инвестирања.

Потребно е да пронајдете некој ефикасен начин за ослободување од негативната енергија. Склоноста на стрес и нервоза може да ви предизвика психосоматски тегоби.

СТРЕЛЕЦ

Нестрпливоста и ниската отпорност на стрес ќе се одрази на семејните односи. Расправиите ќе се водат околу уредувањето на домот, распределувањето на обврските, финансиите или генерално неодговорноста. Стрелците кои се сами ќе се зближат со една личност која е срамежлива и повлечена.

Иако периодот на Близнаците ќе ви донесе многу проблеми и стресни околности, вие многу добро ќе се носите со нив. Со помош на Сатурн, лесно ќе пронаоѓате излез од секој проблем. Во соработувањето со другите, бидете коректни и уважувајте го туѓото мислење.

Ако страдате од хронични тегоби, во текот на овој месец можно е влошување на симптомите. Бидете дисциплинирани и придржувајте се на советите од лекарот.

ЈАРЕЦ

Многу повеќе од вообичаено ќе уживате во секојдневните излегувања, забавувањето и присуствувањето на социјалните настани. Ќе ве радуваат и патувањата, па секој викенд ќе ги посетувате роднините и пријателите кои живеат во друг град. Самците од знакот би можеле да пронајдат нова љубов преку интернет или да ја запознаат на многу необични места.

Борбата со роковите и неефикасната бирократија, ќе го обележи вашиот работен живот во текот на јуни. Не влегувајте во нови проекти или соработки, ако не сте сигурни дека се задоволени сите административни и законски обврски.

Енергијата и ентузијазмот ќе ве поттикнат да водите активен и динамичен живот. Испробајте се во некои нови спортови и активности.

ВОДОЛИЈА

На љубовен план ве очекуваат многу возбудливи пресврти. Појавувањето на одредена шармантна личност ќе внесе свежина во самечкиот живот. Паровите нема да можат да ги избегнат кавгите, но сите проблеми ќе можете да ги надминете со помош на толеранција и разбирање.

Оригиналниот и индивидуалистички пристап кон работата ќе биде вашата најјака страна во текот на јуни. Уметниците, дизајнерите и сите оние кои се занимаваат со креативност, како резултат на иновативноста ќе успеат да се истакнат над конкуренцијата. Прекинот на една соработката нема да биде толку погубен како што мислевте.

Налетот на енергијата ќе ве поттикне повеќе да се занимавате со спорт. Втората половина на јуни носи повлекување на хроничните тегоби.

РИБИ

Чувствувате симпатии кон одредена атрактивна личност од вашето работно окружување. Не сте доволно сигурни во наклонетоста на другата страна, па се чини дека ги препуштате конците во нејзините раце. Оние што се во врска или брак, ќе бидат романтични и ќе имаат потреба да ја покажуваат својата љубов преку конкретни дела.

Нагласокот на четвртиот сектор од вашата карта ги зголемува обврските и одговорностите, а вие уште сега заостанувате. Главниот предизвик во месецот, ќе биде потребата за уреден и организиран начин на живеење. Нема да имате доволно време да ги завршите вашите задачи, доколку не внесете поголем ред и дисциплина. На оние што не се вработени, можно е да им се укаже прилика, која долго време ја чекаат.

Вашето тело ви дава сигнали дека треба да внесете некои промени во секојдневниот живот. Можни се проблеми со желудникот и генерално – дигестивниот тракт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top