Овој месец имавме три продолжени викенди поради големиот број на неработни денови. Следниот неработен ден за сите граѓани на Македонија ќе биде 17-ти јули – петок , што ни доаѓа уште еден продолжен викенд. На 17-ти јули граѓаните ќе го слават Рамазан бајрам, кој всушност е национален празник.
За сите граѓани на РМ
• 17 јули (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
• 02 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден
• 08 септември (вторник), Ден на независноста
• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е
неработен ден
• 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба
• 08 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”
За граѓаните од православна вероисповед
• 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
• 01 ноември (недела), Празникот на сите светци
• 25 декември (петок), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 24 септември (четврток), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (недела), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 мај (сабота), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 23 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е еден од најголемите празници: Се верува дека жените кои немаат деца, а се помолат, ќе добијат дете!
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа голем и тежок празник: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Денеска е голем празник на љубовта: Ако сакате да ја дознаете вашата сродна душа, пред спиење направете го ова…


