| четврток, 6 декември 2018 |

Духовден: верувања што треба, а што не треба да се прави

Денеска е Духовден, празник кој се прославува во спомен на слегувањето на Светиот дух. Бидејќи овој голем настан се одиграл на педесеттиот ден по Воскресението Христово празникот секогаш се слави на педесеттиот ден по Велигден и секогаш се паѓа во недела. Целата служба на Педесетницата, за која е карактеристично дека е многу свечена и возвишена, претставува разработка на секојдневната литургиска песна во чест на Света Троица: “Ќе видиме вистинска светлина, Го примивме Духот Небесен, најдовме вистинска вера, молејќи и се на неразделивата Троица, бидејќи Таа не спаси“. Во службите на овој ден многу пати се пее и молитвата на Светиот Дух: „Цару Небесен“.

На големиот празник народот традиционално ги посетува манастирите и бара прошка за гревовите и лек за болестите.

Упатените велат дека е добро оттаму да се понесе осветена вода бидејќи во наредната година обезбедува хармонија во домот. Овој празник се нарекува и Духови бидејќи претставува слегување на Светиот дух на апостолите.

Два дена порано, пред Духовден, на гробиштата се одржуваат т.н. отворени задушници. Се верува дека во тој период се „отвораат“ гробовите и може да се разговара со мртвите. Обичај е на гробишта да се послужува храна за душа на мртвите.

Христијаните овој празник го слават како ден на „раѓање на Црквата“ бидејќи делата апостолски велат дека апостолите исполнети со Светиот Дух говорече така што можеле да ги разберат луѓето од сите народи и јазици, а мноштвото се „крстеле и го примиле Светиот Дух“. Инаку тоа е и јасно отворање на спасоносното послание на Црквата кон сите, а не само кон Евреите.

Во храмовите се внесува свежа зелена трева и цвеќе. По светата литургија се клекнува и се плетат венци од трева и цвеќиња. Тие се носат дома и се ставаат крај иконите и кандилото на ѕид.

Се верува дека во периодот пред и после овој празник владеат моќни енергии. Обичај е да се посетуваат манастирите, а особено тоа треба да го направат оние кои бараат простување на гревовите или лек за некој болест.

Од манастирите треба да се понесе осветена вода која во следната година обезбедува хармонија во домот.

Во некои краеви се верува дека тогаш е засилена и енергијата на оние кои прават разни растителни мелеми. Во минатото се верувало дека за да се заштитат од несреќа во овој период од годината носеле чешне лук или пелин во џеб, а дрвата ритуално ги кителе со подароци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top