| четврток, 6 декември 2018 |

Алберто Контадор е победник на „Џиро Д’Италија“

Шпанскиот велосипедист Алберто Контадор по предпоследната етапа на трката во Италија „Џиро Д’Италија“ ја обезбеди победата откако создаде недостижна предност пред второпласираниот Фабијан Ару кој заостанува две минути во генералниот пласман.

Шпанецот во Милано денеска ја прославува својата втора победа на Џиро, откако беше најдобар и во 2008 година. Воедно ова е седма победа во големите трки низ Европа бидејќи Контадор успеа да слави победи на „Тур Д’Франс“ во 2007 и 2009 година, како и на домашен терен во Шпанија на трката „Вуелта“ во 2008, 2012 и во 2014 година.

Подиумот на годинашново издание на „Џиро Д’Италија“ го комплетира уште еден возач на Астана, Микел Ланда, на третата позиција, кој има за три минути и 14 секунди полошо време од Контадор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top