Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, е класичен пример како ја завршуваат кариерата политичарите што ја злоупотребуваат довербата на народот, изјави премиерот Никола Груевски во коментарот за изјавата на Црвенковски за резултатите од локалните избори.
– Она што се случува со Бранко Црвенковски е слика и прилика и добар случај за сите оние што почнуваат да се занимаваат со политика или планираат да се занимаваат за да видат како завршува еден политичар што во некое време му била дадена најголемата доверба од граѓаните и тоа неколку прати. Тој не ја искористил, напротив, ја злоупотребил, ги манипулирал, ги лажел, ги потценил, верувал дека ништо од тоа нема да препознаат и ова е неговиот завршеток, ова е неговиот крај. И затоа велам дека е одлична прилика за сите оние што почнуваат или сакаат да се занимаваат со политика да научат и да видат еден класичен случај тука во Македонија, кај нас, како граѓаните казнуваат политичари кои со години си поигруваат со нивните емоции, чувства и со нивната доверба – рече премиерот Груевски по посетата на Градската општа болница „8 Септември“.
За добиената голема поддршка од граѓаните на локалните избори и за освојувањето градоначалнички места во општините каде што СДСМ беше на власт, премиерот Никола Груевски денеска истакна дека тоа за нив претставува една нова обврска и една нова одговорност.
– Граѓаните во тие општини каде што СДСМ беше победник досега чувствуваа потреба да видат исполнување на програма, дела, на проекти, како што сме исполнувале во други општини. Тие може да направат разлика што се случува во нивната општина, а што се случува во општини каде што дејствува и работи ВМРО-ДПМНЕ, односно градоначалник предложен од ВМРО-ДПМНЕ, кој работи според методологијата на оваа партија. Тоа за нас е нова обврска, голема одговорност. Ние мораме сега да покажеме и да испорачаме резултат. Мораме да ги спроведеме проектите што сме ги ветиле во програмата и ќе го направиме тоа. Ќе бидеме целосно посветени, ќе работиме онака како што работиме насекаде и мислам дека за неколку години граѓаните ќе можат да направат сериозна разлика и во тие општини во квалитетот на работата, интензитетот, ефикасноста, еланот – изјави Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница


