Главната тема на дискусија на годинешниот самит е улогата на главните градови во регионот со цел инклузивен и оддржлив развој, а во соработка со државните институции, бизнис заедниците и Европската комисија.
На „Самитот 100“ предвидено е учество на претседателите на Хрватска, Косово и Црна Гора, Колинда Грабар-Китаровиќ, Атифете Јахјага и Филип Вујановиќ, на претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Младен Иваниќ и на српскиот министер за економија Жељко Сертиќ.
Во рамки на посетата, предвидени се и билатерални средби на македонскиот претседател.
„Самитот 100“ се одржува по четврти пат и на него учествуваат бизнис лидери и истакнати претприемачи и стопанственици од Југоисточна Европа. Досега овој самит беше одржан во Србија во 2011 година, во Црна Гора во 2013 година и во Хрватска во 2014 година, а покровител на четвртиот самит во Порторож е претседателот на Словенија, Борут Пахор
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани