| четврток, 6 декември 2018 |

Специјално изненадување за гледачите на Х-Фактор

икс

Во новата епизода на најпопуларното регионално шоу сите гледачи вечерва ги очекува специјално изненадување, па освен интересните гости, ќе посведочиме и несекојдневна премиера.

Станува збор за лајв во кој ќе ги слушаме најубавите љубовни песни, наречен „Сите лица на љубовта“, но и специјална регионална премиера на новиот спот на Масимо Савиќ.

Спотот на Масимо е работен со постојаната екипа, Радилсав Јованов Гонзо го режираше, а на висина на задачата беше и целиот тим кој работеше на видеото.

-Среќен сум што токму во Х Фактор целиот регион ќе добие прилика премиерно да ги види кадрите на мојот нов спот за новата песна „Кладим се на нас“ која произлезе од прекрасната соработка со Амил Лоја и Никша Братош – вели Масимо.

Покрај Масимо втор специјален гостин ќе биде групата на Тончи Хуљиќ  „Магазин“ која ќе ја претстави својата нова песна „Докторе“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top