Во организација на СОС Детско село денеска ќе започне втората Хуманитарна велосипедска тура за деца згрижени во Детското село.
– Нашиот младинец Љупчо и неговиот другар Даниел од Бугарија ќе поминат 2.200 километри низ седум балкански земји и ќе возат се до Австрија. И тоа само на велосипеди. Целта им е да ги привлечат вниманието и поддршката на јавноста за работата на СОС детските села, организација под чија закрила обајцата израснаа – велат организаторите.
Нивната конечна дестинација е Имст, Австрија, каде пред повеќе од 60 години е изградено првото СОС Детско село, кое до денес на илјадници деца низ сиот свет им дава топол дом и грижа.
Настанот е поддржан од Агенцијата за млади и спорт, Велосипедската федерација на Македонија, Град Скопје, Општина Гази Баба и низа донатори и поддржувачи на работата на СОС Детско село Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.