Околу 20 милиони Италијанци денеска ќе гласаат на делумните локални избори, што претставуваат тест за Владата на Матео Ренци, како и за десницата на Силвио Берлускони, кој неодамна одлучи да се врати во политиката.
Ќе се гласа во седум од вкупно 20. италијански области – Венето, Лигурија, Тоскана, Марке, Умбрија, Кампанија и Пулија. Граѓаните ќе гласаат за повеќе од 100 градоначалници на италијанските општини.
Тоа се први избори во Италија по изборите за Европскиот парламент од мај 2014 година која Демократската партија на Ренци освои 40,1 отсто од гласовите односно 20 проценти повеќе од другите партии.
Фокусот на овие избори е насочен кон антиимигрантската и евроскептична партија Северна лига, која има нов лидер Матео Салвини и кон партијата Форца Италија на Силвио Берлускони.
Италијанската Парламентарна комисија така наречена „Комисија антимафија“ синоќа објави список со 17 кандидати, кои не можат да учествуваат во изборите поради судски проблеми. Но, списокот нема правна дејност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.