Балканот, каде низ историјата се вкрстувале интересите на три империи, повторно е во фокусот на борбата за влијанија на великите сили. Главни сопреници сега се Русија и Западот, а Турција се обидува да го задржи своето старо влијание, пишува американски „Стратфор“.
Геополитичкото и локалното ривалство во регионот низ историјата биле многу опасна комбинација, која распалувала светски, а и редица регионални војни.
Денес борбата за влијанија се води по дипломатски канали и преку економски проекти за да се придобие благонаклонетоста на владите во балканските држави.
Русија, Турција и Западот имаат еден и ист соперник на Балканот: политичката нестабилност. Западните влади имаат две основни цели на Балканот: да ја сочуваат стабилноста во западниот дел од регионот и да го минимализираат руското влијание.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров неодамна го посети Белград, државниот секретар на САД, Џон Кери, беше во Бугарија, а турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган беше во посета на Босна и Херцеговина на 20 мај.
За брзиот пораст на интересот кон тој дел од Европа е виновна кризата во Украина, која предизвика раздор помеѓу САД и Русија. Украинската криза ги натера САД да ја засилат одбраната по источните граници на НАТО, каде Алијансата распореди свои мулитинационални сили спремни за брза мобилизација во Источен Балкан во случај на конфликт.
Но, засега „војната“ се води на политички и економски план. Така Европската унија ја блокира изградбата на „Јужен поток“, рускиот проект кој чинеше стотици милијарди евра и кој требаше да снабдува со гас еден дел од Европа.
Истовремено, ЕУ е готова да инвестира над 11 милијарди евра во Бугарија како граница на НАТО со Русија, и околу 1,5 милијарди евра во Србија како потенцијална членка на ЕУ.
Од својата страна, Русија изгради одлични дипломатски односи со балканските држави: во Србија ја купи нафтената компанија НИС, најави финансирање во Србија во износ од 1,5 милијарди долари и инвестира во босанската Република Српска.
Турција исто се стреми да го засили своето влијание на Балканот, каде има свои интереси, главно во Босна и Херцеговина, со која ја врзуваат историски и културни врски. Босанските муслимани започнале да емигрираат во Турција уште во 17-иот век, а сега неколку милиони турски граѓани тврдат дека имаат босански корени. Турските власти го користат тој етички афинитет за да го шират своето влијание преку разни политички и финансиски инструменти.
Турција сепак има помали ресурси и помала економска и воена моќ од Западот и Русија, но игра важна улога во напорите на Романија и Бугарија за продлабочување на соработката во областа на одбраната, како одгвоор на кризата во Украина.
Истовремено ако проектот „Турски поток“ биде изграден, тој без сомнение ќе ја засили позицијата на Турција. Анкара ќе игра централна улога во неговата изградба и ќе ја искористи таа улога за да си ги засили врските со земјите кои ќе добиваат гас по тој гасовод, вклучувајќи ги и Македонија и Србија.
Настаните во Македонија предизвикаа ризици од обнова на етничките тензии и насилства на Балканот, каде политичките граници не се совпаѓаа со етничките. Во краен случај, независно од тоа колку време и надворешнополитички притисок се инвестирани на Балканот, успехот ќе зависи од постоењето на силно и стабилно управување.
Хаосот во балканската политика им овозможува на странските сили да го засилат своето влијание преку финансиска и политичка поддршка за локалните влади, но нестабилноста на балканските држави им пречи решително да се свртат кон една од надворешните сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст