Вчера попладне полицијата од СВР Тетово, во соработка со инспектори од УЈП, спроведоа заедничка акциска контрола во три спортски обложувалници во Тетово, кои нелегално, односно незаконски работеле без потребните лиценци.
Од објекти одземени се 17 телевизори, 8 компјутери, 9 монитори, 7 принтери и 95.570 денари. Одземената опрема пренесена е во СВР Тетово за натамошна постапка, додека против сопствениците на „дивите“ обложувалници ќе следуваат соодветни пријави.
Изречена е и забрана за вршење на дејност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре