Американскиот претседател Барак Обама потпиша декларација со која прогласи вонредна состојба и нареди евакуација за областите во Тексас, погодени од бури и поплави, соопшти Ројтерс.
Во декларацијата, распространета од Белата куќа се вели дека американските власти имаат намера да отворат Федералниот Трезор за да им помогнат на граѓаните, бизнис организации и државните органи да се обноват по стихијно катастрофа.
Бројот на потврдените смртни случаи како резултат на бурите и поплавите во американските држави Тексас и Оклахома во последната недела достигна 28, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на властите. Понајден беше труп на 73-годишен маж во Тексас. Со тоа вкупниот број на потврдени смртни случаи веќе е 24 во јужната држава Тексас и 4 во соседниот Оклахома, а на север. 12 лица во Тексас се водат за исчезнати, но де факто се сметаат за мртви. Обилните дождови во американската држава продолжија и вчера . На неколку места беа поставени нови рекорди за врнежи. Продолжува евакуацијата на локални жители поради надојдената реки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.