| четврток, 6 декември 2018 |

Медведев: Продолжува кражбата на Кипар

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев изјави дека продолжува кражбата на туѓ капитал на Кипар. Медведев рекол дека неговата земја по договорот меѓу Кипар и еврогрупата „внимателно треба да се проучат последиците од кризата“, особено какво ќе биде нејзиното дејство на рускиот и на светскиот финансиски пазар.

Мораме да установиме во што ќе се претвори оваа приказна на долг рок. Какви последици ќе остави по меѓународниот финансиски и монетарен систем- со самото тоа и какви последици ќе има на нашите интереси, рекол Медведев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top