| четврток, 6 декември 2018 |

„Спомениците“ заштитени од СДСМ – згради кои го грдат изгледот на Скопје (фото)

kuci na ilindenska 2 (1)
СДСМ денеска ја објави 35-тата бомба. Се пуштаа нови разговори, кои според нив се скандалозни разговори поврзани со проектот Скопје 2014. Но и овојпат бомбата не пукна. Пукна петарда. Во еден дел од искреираните аудио разговори кои се слушаа во кампот на СДСМ, премиерот Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески зборуваат за објекти кои треба да не бидат под заштита на државата. Се работи за руинирани објекти на булеварот „Илинден“ во центарот на Скопје кои СДСМ ги ставила под заштита. Се работи за стари згради кои наликуваат на руини. Таквите руини кои повеќе наликуваат на грдотии од згради отколку на некакви споменици, СДСМ ги заштитила како културно наследство. Но нема реконструирано ниту една од нив.

Се работи за згради со излупени фасади. Боја и немаат, таа е целосно избледена, на места е одронет малтер. Се работи за зградите на потегот од Владата до влезот во Градски парк. Тие грдотии се сликата за градот во централното градско подрачје. Се работи за карактеристични примери за градската архитектура од дваесеттите години на 20 век, кои дојдоа до израз по проширувањето на сообраќајницата.

Оваа влада започнува со реконструкција на овие руинирани фасади од кои дел се завршени, а дел ќе се довршат во иднина. kuci na ilindenska 1

kuci na ilindenska 3 kuci na ilindenska 4 kuci na ilindenska 5 kuci na ilindenska 6

kuci na ilindenska 11

kuci na ilindenska 8 kuci na ilindenska 9 kuci na ilindenska 10

84Large-1

81Large-2

DSCN1557

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top