| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинителството во Гостивар ги истражува околностите во врска со пронајдениот машки труп близу Чегране

gostivar1

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место во месноста викана Старо Чајле, во близина на с. Чегране, каде беше пронајден машки труп. Имено, вчера во 17.00 часот од случаен минувач е пронајдено починато лице во водите на реката Вардар.

Првичните сознанија укажуваат дека починатото лице, родено 1929 година, предходно било пријавено како исчезнато.

Надлежен обвинител издаде Наредба за вршење на обдукција со цел утврдување на причините за настанатата смрт.

Истрагата е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top