| четврток, 6 декември 2018 |

Наезда на змии – еве што треба да направите ако некоја ве касне

533287_zmija_ffНа нашите подрачја живеат неколку видови змии, од кои три се отровни: Поскокот, Шарката и Остроглавата шарка, додека останатите се безопасни.
Поскокот е поотровен од останатите.

Како да препознаете рана – На местото на раната се гледаат две дупчиња од змиски заби. Понекогаш постои само една. Не мора секогаш да значи дека змијата во раната оставила и отров. Во дури 22 проценти од докажаните рани немало знаци на труење.

Знаци на труење
-Вртоглавица
-Повраќање
-Болка на местото на раната
-Оток на лимфните жлезди во препоните доколку раната е на нога, или кај пазувите доколку раната е на рака.

Постапка за лечење.
-Лицето треба да мирува
-Имобилизирајте ја ногата или раката на која е раната. Со тоа се забавува ширењето на отворот во организмот.
-Потребен е брз превоз до болница. Имобилизација е постапка со која повредениот дел од телото се става во состојба на мирување. Во рамките на прва помош се спроведува привремена имобилизација. Нејзината цел е да спречи влошување на повредата и да се намали болката за време на превозот до болница. Во состојба на мирување се става ранетиот дел од раката или ногата и двата соседни зглобови. Ногата се имобилизира во исправена положба, а раката треба да биде завиткана кај лактот и доближена до телото.

Најчести грешки кои не треба да ги правите
-Не го преврзувајте екстремитетот
-Не ја допирајте раната
-Не се обидувајте да го извадите отровот
-Не ставајте мраз на местото на раната.

Превенција – Некои рани, како оние кога случајно ќе згазнете на змија, речиси е невозможно да се спречат. Меѓутоа, постојат мерки на претпазливост, кои можат значително да ја намалат можноста да ве касне змија. -Оставете ја змијата на мир. Многу луѓе кога ќе бидат каснати, се обидуваат да и наштетат на змијата.
-Избегнувајте висока трева доколку немате соодветна облека
-Рацете и нозете не ги ставајте во непрегледни места
-Не кревајте камења или парчиња дрва доколку не сте доволно оддалечени од потенцијален напад на змија. Бидете посебно внимателни доколку се искачувате по карпи.

Извор: Вистина.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top