| четврток, 6 декември 2018 |

Србија лидер во регионот во заштита на детските права

Директорката на УНИЦЕФ за Европа и централна Азија, Мари Пјер Пуарје смета дека Србија е лидер во регионот кога е во прашање реформа на системот за детска и социјална заштита.

youtube-puska-kanal-specialno-za-deca-287190

Пуарје во интервју за „Политика“ вели дека според најновите анализи на УНИЦЕФ, во Србија 74 отсто од децата од сиромашни семејства одат во средно училиште. Според тие податоци децата во Србија во просек добро се здравствено згрижени, квалитетно образовани и добро ухранети.

– Повеќе од 95 деца во Србија ги примиле сите вакцини предвидени со календарот за имунизација, а 97 отсто од нив посетуваат училиште – изјави таа.

Според неа, Србија истовремено развила и систем за едукација на старатели како да се грижат за деца со пречки во развојот, а тој „современ пристап дава добри резултати“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top