Демобилизираните борци кои со месеци протестираат и кои го блокираа Марковиот плоштад во Загреб, на крајот влегоа во црква на „Св.Марко“ бидејќи интервентната полиција почнала да се приближува кон црквата.
Пред влезот е поставена метална бариера која спречува каков било влез или излез од црквата, а на плоштадот на кој јавното собирање е забрането од 22 до 8 часот наутро, вчера останале 100 полицајци и новинари. Дел од интервентните полицајци се повлекле околу 23 часот.
На влезот на црквата, во која молејќи бдеат демобилизираните борци и чекаат да ги прими премиерот, стои и свештеникот. До плоштадот вчера вечер пристигнала и група млади момчиња, кои викале „За дом спремни“ и ја навредувале полицијата.
Полицајците се обидувале да ги смират, но како што јавуваат новинарите од местото на случувањето, во еден момент почнале да трчаат и да ги напаѓаат полицајците.
Денес дел од хрватските бранители и воени инвалиди кои веќе со месеци протестираат пред ресорното министерство во Загреб порано се собраа пред седиштето на владата каде порачаа дека од плоштадот нема да си заминат додека не ги прими премиерот Зоран Милановиќ. Се работи за бранителите кои повеќе од 220 дена протестираат во шатори пред ресорното министерство ултимативно барајќи оставка на министерот Предраг Матиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.