Премиерите од шест држави од Западен Балкан кои учествуваа денеска во економскиот форум во Тирана ја повикаа Европа да го финансира економскиот развој на државите од регионот. Според нив, тоа ќе обезбеди стабилност на Западен Балкан каде се уште има етнички тензии.
– Потребни ни се пари за да ги развиеме инфраструктурите. И се обраќаме на Европа за да ги добиеме. Ако Европа не може да ни помогне треба да ни каже за да бараме сами начини, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ во рамките на регионалната економска конференција.
– Со финансиска поддршка за заеднички проекти на држави од Западен Балкан како и интеграција во ЕУ, Европа ја финансира својата иднина, нагласи албанскиот премиер Еди Рама.
Тој вели дека тоа би помогнало на државите до регионот да обезбедат стабилен мир и „обезбедување на Европа да не се најде во иднина соочена со ситуација како во Украина“.
– Даваме напори за да ги измениме нашите несогласувања и конфликти во мостови за соработка и развој што ќе помогне на сите заедно во големото европско семејство, изјави премиерот на Косово Иса Мустафа.
Вучиќ додаде дека со албанскиот колега договориле да се побараат пари од ЕК за финансирање магистрала од албанското пристаниште Шенгин со Приштина, Ниш и Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.