| четврток, 6 декември 2018 |

САД потврдија дека почнале обука на сириската опозиција во Турција

Американската армија почна да обучува борци на сириската опозиција во Турција за борба против терористичката групација Исламска држава, изјави американски официјален претставник.

Со тоа, како што јави БТА, САД ја прошируваат програмата за воена подготовка на умерената сириска опозиција, која почна во Јордан пред две недели.

Изворот, кој посакал анонимност, не соопшти повеќе детали за бројноста на првите групи, кои ќе ја поминат обуката во Турција, ниту конкретен датум за почетокот.

Пентагон одби да ја коментира информацијата.

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу претходно ова недела за време на посетата на Северен Кипар изјави дека во Турција почнала програма за воена обука на умерената сириска опозиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top