| четврток, 6 декември 2018 |

Се зголемува товарниот патен превоз

превоз

За 14,3 проценти е зголемено количеството превезена стока во товарниот патен превоз во првиот квартал годинава споредено со истиот квартал лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Намалување од 19,4 проценти статистиката евидентира во воздухопловниот превоз на стока во првите три месеци од годинава споредено со истиот период од минатата година, а за 19,6 проценти во железничкиот превоз.

Во првото тримесечје од година, во патниот патнички национален и меѓународен превоз бројот на превезените патници изнесува 2.090.000, а во железничкиот превоз 156.000.  Во градско-приградскиот превоз  се превезени 19.987.000 патници, а во воздухопловниот превоз 268.046.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top