Поранешниот репрезентативец на Македонија Ацо Стојков се врати во редовите на Вардар потпишувајќи тригодишен договор. Тој треба да биде едно од засилувањата на „црвено-црните“ за настапите во Европа, но и за јуриш на двојната круна следната сезона.
– Среќен сум што се враќам во позната средина и што ќе играм со познати играчи. Пред се среќен сум што ќе играм во многу амбициозен тим и што ќе бидам дел од Лигата на шампионите. Најдовме заеднички јазик со раководството и еве ме повторно во Вардар. Ќе дадам се од себе да се остварат целите и амбициите на клубот. Посакуваме добар настап во квалификациите за ЛШ, а во Македонија секако дека ќе атакуваме на двојна круна. Вардар нема пехар во Купот одамна, па верувам дека ние ќе го вратиме и тој трофеј. Шампионската титула се подразбира, и тука нема бегање. Вардар е најквалитетното во Македонија и секогаш атакува на првото место – вели Ацо Стојков за официјалниот сајт на ФК Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент