Торонто за момент стана како Готам Сити. На улиците на канадскиот град се снимаа сцени од филмот „Суисајд сквад“ (Suicide Squad) во кои Бетмен со фантастичниот „бетмобил“ го бркаше својот ривал и непријател Џокер за да го изведе пред лицето на правдата. Природно, иако неколкуте улици на кои се снимаше сетот беа затворени, голем број граѓани на Торонто со своите мобилни телефони ги овековечија сцените за да можеме и ние да ги погледнеме пред август 2016 година, за кога е закажана премиерата на идниот блокбастер со Бен Афлек, Џаред Лето, Вил Смит, Марго Роби, Џеј Кортни и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.