Македонскиот кантавтор Драган Каранфиловски-Бојс почина на 59 години. Ова го објави неговата ќерка Верица на профилот на „Фејсбук“.
Драган Каранфиловски-Бојс ја почна музичката кариера во 1973 година, формирајќи ја музичката група „Македонија“. Најголемите успеси како автор ги постигна како член на култната битолска група „Мадригали“, подоцна преименувана во „Трн во око“. Со овие две групи, тој ги сними своите најпознати рок-песни, а на гитаријадата во Заечар во 1977 година со групата „Мадригали“ ја освои првата награда од публиката и првата награда од музичкото списание „Џубокс“.
Подоцна Бојс започна успешна кариера како кантавтор, пишувајќи поп- песни и песни за деца. Од неговите песни, најпознати се: „Опасно сум вљубен во тебе“, „Валерија“, „Лулај ме нежно“, „Парижанка“, „Весела романтика“, „Афричко лето“ итн. Исто така, тој е автор на бројни хитови кои ги пееле други пејачи, како што се: „Јануарска ноќ“, во изведба на Зафир Хаџиманов, „На минус 23“, испеана од Трајче Манев, „Искро моја“ на Игор Џамбазов, „Заведи ме“, во изведба на неговата ќерка Верица Каранфиловска итн. Тој е автор и на рефренот на песната „100% те љубам“ на групата XXL, која во 2000 година ја претставуваше Македонија на Евровизија.
Драган Каранфиловски – Бојс има компонирано музика за неколку тв-серии. Како признание на неговото долгогодишно творештво, во 2014 година, Драган Каранфиловски – Бојс ја доби наградата на манифестацијата “Златна бубамара” за животно дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст