Од фабриката на „Форд“ во Европа најавуваат дека „вињале“ е одговор на европските конкуренти во премиум-моделите од средна класа, а најдобриот пакет-опрема ќе се нуди во двете каросериски варијанти, лимузина и караван. Колкаво внимание „Форд“ му посветува на „мондео вињале“ во однос на послабите пакети опрема, се докажува со фактот што на овој модел се вршат повеќе од 100 дополнителни проверки. Ваквите дополнителни тестирања на опремата им е доверена на инженерите на „Форд“ во Валенсија.
„Мондео вињале“ од надвор е препознатлив по неколку каросериски измени меѓу кои спаѓа и доработката на маската на ладилникот со алуминиумска рамка, неколкуте хромирани детали на каросеријата, како и хромираните завршоци на издувниот систем. Алуминиумските бандажи се со големина од 18 инчи и се вградуваат само во „вињале“, а купецот со доплата може да добие и 19-инчни бандажи.
Во стандардната опрема спаѓаат приспособливи светилки со ЛЕД, електрично затворање на вратата на багажникот, погон на двете оски и неколку најмодерни сигурносни системи. Покрај тоа што внатрешноста е обложена со кожа, вграден е и нов мулимедијален систем од втора генерација, како и аудиосистем со 12 звучници.
Од „Форд“ информираат дека за обложување на седиштата се користени дури 40 видови кожа, која е ласерски сечена. Дизајнот на седиштата се изработувал повеќе од две години, а за самото шиење е потребно 50 проценти повеќе време во однос на конвенционалното.
„Форд мондео вињале“ ќе се нуди со два турбобензиски мотори со зафатнина од 2,0 литри со 203 и со 240 коњски сили и два дизелски турбоагрегати со 180 и со 210 коњски сили. Во опција е и хибридната варијанта, која ја придвижува комбинација на бензински и на електромотор со вкупна моќ од 187 коњски сили.
Почетната цена на „мондео вињале“ во Велика Британија изнесува околу 29.000 фунти или нешто повеќе од 40.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст