Секоја жена е убава на свој начин, но според астрологијата припадничките на овие пет хороскопски знаци освојуваат со својата убавина, магнетизам и сексапил.
Овните се физички силни и со изразени црти на лицето. Спортски градени, а мускулите се забележливи дури и ако имаат вишок килограми. Најчесто имаат темен тен, густа коса и мазна кожа. Нивниот изглед остава впечаток на сила и енергија. Не се склони кон дебелеење. Црвената боја го истакнува нивниот карактер.
Лавовите се карактеристични по своето широко чело и густа коса. Имаат убаво обликуван нос, силна мускулатура. Не можете, а да не ги забележите во огромна толпа. Тие се маркантни жени, не само по убавиот изглед, туку и по нивното лавовско држење. Омилени бои жолта и портокалова. Сакаат и спортски аутфит.
Скорпиите изгледаат силно и високо, иако најчесто се слаби. Имаат нешто пошироки рамена од просекот и колкови. Лицата им се впечатливи, со сензуални усни, неправилен нос и продорни очи. Косата им е најчесто кафена и густа. Сакаат да изгледаат убаво, но не нападно. Омилени бои црна и сива.
Стрелецот има најдобра фигура во Зодијакот. Најчесто се просечно високи и спортски градени. Но, овие природни карактеристики ги уништуваат со прекумерно уживање во храната. Имаат по малку долгнавесто лице и изразени сини или зелени очи. Често имаат проблеми со опаѓање на косата. Сакаат спортски и лежерен изглед, а омилени им се силните бои.
Водолиите се најчесто со средна висина или нешто пониски, со светол тен. За нив важи онаа изрека дека отровите се чуваат во малечки шишиња. Имаат помали дланки и стапала, но убави нозе. Тие се познати по надареноста и привлечните женски атрибути. Широки меки усни, а омилени бои им се виолетова и сина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.