Верувале или не, биволите го натерале лавот да ја свитка опашката и да побегне на дрво, а сето тоа е овековечено во една неверојатна фотографија, објавува 365.
Ретка глетка е фотографирана во Масаи Мари во март и прикажува лав кој „кукавички“ бега од опасност. Покрај бегањето на необично прибежиште, опасноста не минала толку брзо, бидејќи биволите – склони кон газење како стампедо – се собрале под дрвото и чекале лавот да падне.
Чарлс Комин, некогашен американски научник, кој уживал во еден резерват во Кенија со својата сопруга, бил недалеку од стадото биволи кои внимателно го чувале новороденчето. Меѓутоа, животните изненадувачки здивеле.
– Одеднаш буквално од никаде се појави мажјак лав. Сепак, набрзо започна да бега, бидејќи биволите него го збркаа – вели Чарлс.
По само неколку секунди поминати на дрвото, лавот почнал да се тресе и полека да се лизга низ стеблото. Очајната голема мачка испуштила крик и изненадувачки скокнала од дрвото и исчезнала во грмушка, со страв во очите.
– Лавот не можел уште долго да издржи, можел да почувствува дека е осуден на пропаст – така што морал да се обиде уште еднаш да побегне – заклучува Чарлс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лав и бебе во програма во живо – Се случи тоа од што сите се плашеле (видео)
-
Лавот е театрален, Бикот ќе ви донесе јагоди во кревет
-
Дознајте ги тајните на хороскопските знаци: Овните сакаат да бидат први во се, Лавовите да владеат…
-
Прекрасен крај на годината ќе имаат родените во овие хороскопски знаци: Дали сте меѓу нив…