| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓурѓовденската литија е древна традиција во Струга

Ва­кви ли­тии има во Ру­си­ја, Гр­ци­ја и во Ро­ма­ни­ја. Стру­га е единс­тве­на во Ма­ке­до­ни­ја, а чу­до­твор­на­та ико­на и мо­шти­те на св. Ѓор­ѓи од Рај­чи­ца го осве­ти­ја гра­дот

По по­вод праз­ни­кот Ѓур­ѓов­ден, во Стру­га и го­ди­на­ва тра­ди­ци­о­нал­но се одр­жа све­че­на ли­ти­ја со мо­шти­те на св. Ѓор­ѓи По­бе­до­но­сец. Стру­жа­ни по­ка­жаа го­ле­ма по­чит кон сво­јот свет па­трон и за­штит­ник на гра­дот. Со гур­ѓов­ден­ска­та ли­ти­ја на единс­тво, мир и на љу­бов Стру­га му се пок­ло­ни на па­тро­нот по­бе­до­но­сен и ве­ли­ко­ма­че­ник Ѓор­ѓи. Ил­јад­ни­ци­те вер­ни­ци од си­те кра­и­шта на зем­ја­ва и оваа го­ди­на ја про­дол­жи­ја древ­на­та тра­ди­ци­ја.

Во све­че­на по­вор­ка со чу­до­твор­на­та ико­на и со мо­шти­те на све­ти­те­лот од Рај­чи­ца го осве­ти­ја гра­дот на мо­сто­ви­те.

reportaza142-Sv-Gjorgji-Pobedonosec-2

На прос­ла­ва­та и го­ди­на­ва при­сус­тву­ваа мо­на­си­те од Би­гор­ски­от ма­на­стир и се­стринс­тво­то од ма­на­сти­рот „Све­ти Ѓор­ѓи По­бе­до­но­сец“.

– Ли­ти­ја­та се пре­че­ку­ва низ стру­шки­те ули­ци од мно­гу­број­ни де­чи­ња об­ле­че­ни во на­род­ни но­сии, кои ра­дос­но ја поз­дра­ву­ва­ат по­вор­ка­та со зна­мен­ца со Хри­сто­во­то во­скре­се­ние. Учес­тву­ва и мно­гу­број­ни­от на­род, гра­ѓа­ни на Стру­га, но нај­го­ле­ма ра­дост за до­ма­ќи­ни­те е што на овој ден при­стиг­ну­ва­ат вер­ни­ци и гра­ѓа­ни од си­те кра­и­шта на зем­ја­ва – ве­ли отец Ки­рил од Би­гор­ски­от ма­на­стир.

По­крај со би­е­ње­то на кам­ба­ни­те, пе­е­ње­то на све­ште­ни­ци­те бе­ше при­дру­же­но со хор и со оре­ке­стар. Оваа го­ле­ма цр­ков­но-на­род­на ма­ни­фе­ста­ци­ја од го­ди­на во го­ди­на ста­ну­ва сѐ по­ма­сов­на.

– Во­скрес­на гра­дот. Пред не­кол­ку го­ди­ни беа са­мо не­кол­ку лу­ѓе, не­кол­ку ба­би, а се­га ви­де­те во кол­ку го­лем број се со­бра­ни. Пог­лед­не­те и са­ми, ви­де­те ја ра­до­ста, ми се чи­ни де­ка де­нес се ра­ду­ва се­кое цве­ќе, се­кое дрв­це на све­ти Ѓор­ѓи. Ви­де­те ја ра­до­ста во лу­ѓе­то. До­жи­веј­те ја. Хри­стос во­скре­се – ве­лат стру­жа­ни.

reportaza142-Sv-Gjorgji-Pobedonosec-6

Овие де­но­ви за нив се по­себ­ни и то­гаш ја чув­ству­ва­ат ми­ло­ста на го­ле­ми­от све­ти­тел.

– По­го­ле­ма ра­дост од овој ден не по­стои. Имам 80 го­ди­ни, а ова чув­ство ќе го но­сам во ду­ша­та и ко­га ќе умрам – ве­ли ед­на по­ста­ра стру­жан­ка.

Ва­кви ли­тии има во Ру­си­ја, Гр­ци­ја и во Ро­ма­ни­ја , а Стру­га е единс­тве­на во Ма­ке­до­ни­ја. Овој ве­ли­чес­твен ду­хо­вен на­стан во гра­дот на мо­сто­ви­те се не­гу­вал пет ве­ка, а е во­зоб­но­вен пос­лед­ни­ве шест го­ди­ни.

– Овој хри­сти­јан­ски праз­ник за нас зна­чи мно­гу, на­ви­сти­на мно­гу. Зна­чи мир, зна­чи љу­бов, зна­чи се­мејс­тво – ве­ли ед­на стру­жан­ка.

reportaza142-Sv-Gjorgji-Pobedonosec-5

Ил­јад­ни­ци вер­ни­ци од си­те гра­до­ви во Ма­ке­до­ни­ја до­а­ѓаа за да при­сус­тву­ва­ат на све­че­ни­от пре­чек на мо­шти­те на св. Гор­ѓи од исто­и­ме­ни­от ма­на­стир во Рај­чи­ца. Све­ти­те мо­шти и чу­до­твор­на­та ико­на по­све­те­на на овој све­тец се но­сеа низ ули­ци­те на Стру­га.

Ико­на­та до­а­ѓа од цр­ква­та „Св. Ѓор­ѓи По­бе­до­но­сец“, а та­му, пак, при­стиг­на­ла од Све­та Го­ра. По­вр­за­на е со ед­но чу­до што се слу­чи­ло. Трој­ца бра­ќа од Охрид го гра­де­ле ма­на­сти­рот и не зна­е­ле ко­му да го по­све­тат. Ре­ши­ле да раз­мис­лат, а по­тоа да ста­ват ико­на на ме­сто­то ка­де што тре­ба­ло да стои па­тро­нот. Ме­ѓу­тоа, Бог, по сво­ја про­мис­ла, на­пра­вил ико­на­та са­ма да си дој­де на тоа ме­сто. Та­ка ико­на­та ис­чез­на­ла од Ли­да, род­но­то ме­сто на св. Ѓор­ѓи, и се по­ја­ви­ла на но­во­то ме­сто, во „Зо­граф“, ма­на­сти­рот на Све­та Го­ра. Бра­ќа­та ко­га ја ви­де­ле ико­на­та, сфа­ти­ле де­ка, по бож­ја про­мис­ла, ма­на­сти­рот тре­ба да му би­де по­све­тен на св. Ѓор­ѓи По­бе­до­но­сец. Но, во Ле­рин­ско има­ло вла­ди­ка што не ве­ру­вал во тоа чу­до и до­шол сам да се уве­ри. За­ста­нал пред ико­на­та, поч­нал со го­ле­мо не­по­чи­ту­ва­ње да се од­не­су­ва со неа и нев­ни­ма­тел­но ја до­прел. Ка­ко што ја до­прел, та­ка пр­стот му се за­ле­пил за неа. Не мо­же­ле да му го трг­нат. Не по­мог­на­ле ни­ту мо­ли­тви­те на бра­ќа­та, и мо­ра­ле да му го ие­се­чат пр­стот. По из­вес­но вре­ме му се по­ја­вил св. Ѓор­ѓи и му ре­кол: „За­тоа што не ве­ру­ва­ше, не­ка оста­не тра­га од тво­е­то не­ве­ру­ва­ње на ико­на­та мо­ја“. На ори­ги­на­лот сѐ уште има­ло пар­че од ко­жа­та. А ов­де ја има единс­тве­на­та ко­пи­ја, ко­ја е по­да­рок од отец Пај­сиј, не­ко­гаш­ни­от игу­мен на „Св. Про­хор Пчињ­ски“.

reportaza142-Sv-Gjorgji-Pobedonosec-3

Спо­ред пре­да­ни­ја­та во Стру­га, ка­ко ед­но од нај­ста­ри­те ду­хов­ни све­ти­ли­шта не са­мо на Бал­ка­нот ту­ку и во Евро­па, овој праз­ник се чес­тву­вал уште во 14 век.

До­а­ѓал на­род од да­леч­ни кра­и­шта да се пок­ло­ни пред мо­шти­те на све­ти­те­лот, но и да нас­ла­ди ду­ша со мал­ку ва­ре­на пче­ни­ца, ви­но и со че­тврт леб.

Мо­шти­те на све­ти­те­лот се на­о­ѓа­ат во па­рак­ли­сот, ка­де што, всуш­ност, е сме­сте­но дел­че од ра­ка­та на св. Ѓор­ѓи. Спо­ред отец Пар­те­ниј, овој ма­на­стир ста­нал ме­сто ка­де што се чу­ва­ат мо­шти­те на св. Ѓор­ѓи и, на­ви­сти­на, са­мо бож­ја­та про­мис­ла мо­же­ла да на­пра­ви да дој­дат мо­шти­те ов­де на чу­ден на­чин. По­да­рок се од еден игу­мен на ма­на­стир во Гр­ци­ја, ефи­ме­ниј на ед­на цр­ква, по­ра­не­шен мо­нах на Све­та Го­ра. Тој се ви­кал Епи­фа­ниј и из­вес­но вре­ме по­ми­нал на Све­та Го­ра. Жи­ве­ел со не­кол­ку мо­на­си и си­те има­ле дел­че од мо­шти­те на св. Ѓор­ѓи. Мис­леј­ќи де­ка тој ќе би­де Ѓор­ѓи, му да­ле и не­му мо­шти. Но, по бож­ја про­мис­ла, из­лег­ло да се ви­ка Епи­фа­ниј. Тој ги за­др­жал мо­шти­те и му ги дал на отец Пар­те­ниј. Ко­га му ги да­вал, му ре­кол: „Ете зо­што сум ги чу­вал мо­шти­те, за да ви ги да­дам вам“. Ко­га ги до­бил оте­цот мо­шти­те не ми­ри­са­ле, но со са­мо­то до­а­ѓа­ње во ма­на­сти­рот поч­на­ле да ми­ри­са­ат, да ис­пу­шта­ат бла­го­у­ха­ние. Дел­че­то е вгра­де­но во поз­ла­те­но сре­бро во вид на ра­ка. Таа, по ба­ра­ње на оте­цот, е на­пра­ве­на во Со­лун. На са­ма­та ра­ка е на­пра­вен отвор за да се гле­да дел­че­то и да се бак­ну­ва.

reportaza142-Sv-Gjorgji-Pobedonosec-4

– Оваа тра­ди­ци­ја из­вес­но вре­ме бе­ше ре­чи­си за­бо­ра­ве­на, мар­ги­на­ли­зи­ра­на и не се пра­ве­ше тол­ку све­че­но, но во пос­лед­ни­ве го­ди­ни, поч­ну­вај­ќи од 2010 го­ди­на,оваа ли­ти­ја се во­зоб­но­ви во сво­јот полн сјај и не са­мо што се во­зоб­но­ви, ту­ку и се збо­га­ти со мо­шти­те од све­ти­от ве­ли­ко­ма­че­ник Ге­ор­гиј – рас­ка­жу­ва­ат стру­жа­ни.

Це­ла Стру­га бе­ше на но­зе во чест на овој ве­ле­ле­пен на­стан. Тоа бе­ше ед­на рас­кош­на про­це­си­ја, слич­на на тие што се пра­ват во го­ле­ми­те пра­вос­лав­ни цен­три.

– Овој хри­сти­јан­ски праз­ник за нас зна­чи мно­гу, зна­чи љу­бов, зна­чи мир, зна­чи се­мејс­тво. Праз­ни­ков го до­жи­ву­вам ка­ко во­скре­се­ние. Пог­лед­не­те и са­ми­те, ви­де­те ја и ра­до­ста, ми се чи­ни де­ка де­нес се ра­ду­ва се­кое цве­ќе, се­кое дрв­це на све­ти­от ве­ли­ко­ма­че­ник Ѓор­ѓи. Ви­де­те кол­ка­ва е ра­до­ста во лу­ѓе­во са­мо, до­жи­веј­те ја, по­чув­ству­вај­те ја. Ова е до­каз де­ка Гос­под  бе­ре гај­ле и на­ро­дот да би­де со­е­ди­нет, да би­де единс­твен, не­ма по­го­ле­мо бо­гат­ство од љу­бов и во ку­ќа и во др­жа­ва – ве­лат учес­ни­ци­те во про­це­си­ја­та.

 

Пишува: Невена Поповска
(Текст објавен во 142. број на неделникот „Република“, 22.05.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top