| четврток, 6 декември 2018 |

Во Црна Гора ќе се објавува само бројот на новороденчиња, но не и полот

бебе
Новиот директор на Клиничкиот центар на Црна Гора, Ранко Лазовиќ изјави дека во иднина ќе биде соопштуван само бројот на новородени деца, но не и нивниот пол бидејќи, според него, тоа е дискриминација, јави Танјуг.
– Обичај во светот е да се соопшти бројот на новороденчиња и ништо повеќе. Сметам дека децата од машки и од женски пол се целосно еднакви, имаат еден и ист статус и зтаоа не треба да има дискриминација по пол  -нагласи Лазовиќ.Иако граѓанското здружение „Родители“ вели дека не е јасно зошто тоа е дискриминација, социолизите ја поздравуваат одлуката на Лазовиќ.

Црна Гора заедно со Албанија, Азербејџан и Ерменија, е земја со најголем дисбаланс меѓу децата од машки и од женски пол. Статистиката покажува дека во Црна Гора се раѓаат 100 девојчиња на 110 момчиња, додека природниот баланс е 100 на 102 до 104.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top