| четврток, 6 декември 2018 |

Раиола: Балотели останува во Ливерпул

Италијанскиот интернационалец во редовите на Ливерпул, Марио Балотели и следната сезона ќе го носи цррвениот дрес.
И покрај најавите од медиумите во Англија дека Балотели со сигурност ќе ја напушти екипата на крајот од сезоната, се огласи неговиот менаџер Мино Раиола, кој во изјава на „Скај Спорт“ тоа го негира и потврдува дека Супер Марио и следната сезона ќе игра за Ливерпул.

– Марио не си оди од Ливерпул. Дефинитивно останува на „Енфилд роуд“ и следната сезона – изјави Мино Раиола.

Тој е оценет како едно од најголемите разочарувања во Премиерлигата, постигна само еден гол минатата сезона, а Ливерпул за него плати 16 милиони фунти доведувајќи го од редовите на Милан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top