Бугарската театарска режисерка Лилија Абаџиева ѝ е позната на македонската театарска јавност по претставите „Женидба“ и „Ромео и Јулија“, кои ги работеше со Битолскиот театар и со Македонскиот народен театар изминатите години. Деновите е во Скопје, каде што е во тек „МНТ-фест“, меѓународниот театарски фестивал кој го организира Македонскиот национален театар и кој ќе трае до 3 јули.
Абаџиева гостуваше со преставата „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ на Виктор Иго. Претставата беше вистински спектал, што би рекла и самата Абаџиева. Видовме одлична актерска игра и многу добро режисерско видување на грандиозното дело на Иго.
Лили, како што уште и ја нарекуваат пријателите од Скопје, режисерите и актерите со кои добро се познава, пред претставата имаше разговор со новинарите и со студентите по актерска игра на универзитетот ЕСРА. Во разговорот, таа нафрли неколку интересни тези меѓу кои и дека за неа театарот е единствената возможна утопија.
– Една идеална ситуација, во која можеш да им дадеш плод на визиите, имиња на желбите, да покажеш смисла и значење, да ја покажеш божествената светлина на душата, да ги признаеш најдлабоките болки, да се надвиснеш над сопствените бездни, стравови и кошмари – вели Абаџиева.
За Абаџиева, средбата со актерите е многу лична. Се сеќавам на секоја прва проба со секој еден актер, а сум работела со повеќе од 300 актери. Никогаш не научив да ги идеализирам актерите. Јас секогаш се вљубувам во тие момчиња и девојчиња. Ги сакам поради нивното јавно осамостојување поради соголувањето на душите до степен на ранливост во нивните проби. Ги сакам, поради инспирацијата што ми ја даваат, поради верата со која ми се оддаваат и поради храброста низ полето на имагинацијата да ме следат и да достигнеме за себеси недостижни височини. За мене, актерот е најголемо чудо. Тој мора да игра и кога не му е до тоа, но, такава му е професијата. За мене, до ден денес актерите се тие што имаат речиси натчовечки квалитети- вели бугарската режисерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст