По поплавите што зафатија делови од нашата земја на почетокот на оваа година, Црвен крст на Република Македонија спроведе низа активности кон ублажување на последиците и пружање помош и поддршка на настраданото население.
На почетокот на годинава беше објавен апел за помош кој го поддржаа голем број институции, компании, граѓани и наши иселеници во странство. Со апелот беа собрани средства кои им беа доделени на настраданите семејства од поплавените подрачја, како помош за санирање на последиците од поплавите.
Од дополнителните активности кои беа преземени се обезбедија парични средства кои во вид на втор дел помош и поддршка на 27 и 28 мај 2015 година се префрлени на сметките на 300 семејства.
Црвен крст на Република Македонија уште еднаш упатува голема благодарност до сите вклучени субјекти, институции, компании и граѓани за помоштта и поддршката на оваа хуманитарна акција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Силно невреме ја зафати Црна Гора: Поплавени улиците, отежнат сообраќајот (видео)
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Нова трагедија во Италија: Поплава однесе најмалку осум животи
-
Две години од поплавите во кои загинаа 22 лица: Никогаш да не ни се повтори!