| четврток, 6 декември 2018 |

Водачот на „Редиохед“ сними песна што трае 18 дена

Пејачот на групата „Редиохед“, Том Јорк, сними нова песна која трае цели 432 часа, односно 18 дена.

 

Песната, насловена „Subterranea“, Јорк ја напишал за потребите на изложбата на британскиот уметник Стенли Донвуд, кој е автор на дизајните на поголемиот број албуми на „Редиохед“.

Изложбата „Панична канцеларија“ се одржува во Сиднеј и ќе трае 18 дена, колку што е и должината на песната, наведува лондонски „Индепендент“.

Интересно е што песната постојано еволуира и во неа нема секвенци кои се повторуваат, а весникот ја опишува како „етеричен микс на амбиентални и експериментални звуци“.

Песната засега нема да биде достапна за симнување на интермет, а ќе ја нема ниту во продажба на цеде. Тие што ќе сакаат да ја слушнат тоа ќе можат да го сторат на изложбата на Донвуд, која е отворена на 21 мај и ќе трае до 6 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top