| четврток, 6 декември 2018 |

Асанж: Самоцензура во британските медиуми за скандалот со нуклеарната подморница „Тридент“

submarine_1620339c_1746033c

Молкот на британските медиуми за неодамнешните објавени сомневања во врска со безбедносните пропусти во нуклеарната програма на подморницата „УК Тридент“ покажува дека постои самоцензура, тврди основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж.

Дваесет и петгодишниот инженер Вилијам Мекнили тврди дека неговиот извештај на 18 страници објавен на „Викиликс“ пред неколку недели укажува на пропусти во безбедносните процедури во нуклеарната програма на подморницата, а програмата ја опишува како „катастрофа која чека да се случи“.

Во врска со овие обвинувања британските медиуми се конспиративно тивки.

– Се сомневаме дека станува збор за нов „ D-Notice“ (британски Вотергејт од 1967 година) во врска со нуклеарното оружје во подморницата „Тридент“ – вели Асанж.

trident_2618200b

Аферата D-Notice беше британски политички скандал од 1967 година во која премиерот Харолд Вилсон го нападна весникот Дејли Експрес обвинувајќи го дека со објавувањето на два документа на советодавно безбедносни документи (D-Notices) ја загрозува националната безбедност на земјата.

Основачот на Викиликс објаснува како D-Notice системот, функционира на тој начин што се „советуваат“ медиумите да не објавуваат некои настани од национална безбедност.

– Воените и разузнавачките агенции еднаш месечно се сретнуваат со уредниците во медиумите во Велика Британија и тие им кажуваат кои работи не треба да се објавуваат во јавноста, и тогаш постигнуваат џентлменски договор дека за тие работи нема да се известува, вели Асанж.

Тој исто така додава дека постои форма за саморегулирање на медиумите, поттикната од стравот од надворешна регулација ако тие не ги почитуваат „советите“.

Мекнили, според Асанж, нема да биде гонет поради објавувањето на извештајот за да не се поттикнува шкотското движење за независност.

-Англија ги постави сите нуклеарки во Шкотска, изложувајќи ја како нуклеарна мета, но исто така ја направи и потенцијално место за нуклеарна катастрофа, вели тој.

Според основачот на Викиликс, под овие околности, војската на Британија има две опции. Може да поведе политичка акција за објавите на Мекнили, или судски да го гони за отсуство без дозвола, да го стави во затвор 28 дена и да го отпушти од армијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top