| четврток, 6 декември 2018 |

Како Кина создава милијардери?

Кина речиси секоја недела во последново тримесечје годинава добива по еден милијардер, пред сè благодарение на порастот на вработувањата преку интернет.

Како што е наведено во извештајот, кој заедно го објавија швајцарската банка УБС и  консултантската куќа „Прајсвотерхаус куперс Кина“ (PwC China), причината за брзиот пораст на бројот на кинеските милијардери треба да се бара во проширувањето на интернет, индустријата со мобилниот интернет и на порастот на капиталниот пазар во земјата.

Водечкиот партнер во „Прајсвотерхаус куперс Кина“, Џејмс Чанг, изјави дека Кина поттикнува претприемаштво и иновации, што овозможува поголем број млади луѓе да создадат богатство, пренесе Кинеското меѓународно радио.

Новите милијардери доаѓаат од новорастечката индустрија, која е комбинација на мобилен интернет, големи бази со податоци и нова технологија со традиционалните сектори како што се фармацевтскиот, автомобилскиот и финансискиот, изјави Чанг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top