Македонската економија годинава ќе оствари најдобар резултат во регионот. Во изминатиов период, повеќе меѓународни финансиски институции ги објавија своите прогнози и сите имаа сличен заклучок: домашното стопанство ќе испорача сосема солидни остварувања, пишува „Лидер“.
Официјален Брисел очекува растот на БДП на Македонија да достигне 3,8%, што претставува најдобар резултат во Европа. Зад нас би се позиционирале Ирска и Малта со раст од 3,6%. Негатива ќе има Кипар, а минимален раст Финска, Хрватска, Грција и Италија. Просечниот раст во Унијата се проектира на 1,8%.
Слична е прогнозата и на Европската банка за обнова и развој. Македонија ќе испорача најдобар резултат во регионот. Растот годинава би изнесувал 3,5%, а в година 3,7%. Сепак, освен што сите релевантни финансиски институции ни предвидуваат солидни економски перформанси, сите предупредуваат на можни негативни последици од политичката нестабилност.
Што ставаме на коцка?
Нови странски инвестиции и отворање нови работни места, продолжување на позитивниот тренд на намалување на невработеноста, зголемена конкурентност, засилени инвестиции во инфраструктурата – ова се дел од факторите кои се поврзани со економскиот раст, а кој и со најновата прогноза на НБРМ ќе изнесува 4,1%.
„Лидер“ анализира што ризикуваме и каде е Македонија во однос на земјите од регионот.
Македонија ја заврши 2014 година со раст на економијата од 3,8%. Владата проектира дека годинава растот на БДП ќе достигне 4%, а со тоа: градежништвото да оствари раст од 7,5%, индустријата 4,4%, бруто – инвестициите од 8%, извозот 8,5% и увозот 7,4%, а стапката на инфлација да остане ниска на 2%. Она што е најважно, сите очекуваат да продолжи позитивниот тренд на намалување на невработеноста, која се спушти на 27,6%. Надлежните очекуваат до 2018 година, стапката на невработеност да падне на 22%.
Каде сме во регионот?
Македонија во однос на јавниот долг е меѓу земјите кои се во најповолна позиција. Земјата е се уште во безбедната зона, многу под поставените европски критериуми од 60% од БДП. Просекот во ЕУ е 88%.
Во однос на економскиот раст, Македонија и покрај политичката криза се очекува да забележи најдобар резултат. Хрватска во 2015-та конечно излегува од шестгодишнта рецесија и треба да забележи минимален раст од 0,5%, со тоа што со 2017-та би достигнал 1,5%. Ништо подобар раст не се очекува ниту во Србија, откако земјата претрпе сериозни штети од поплавите. Лани беше регистриран пад од 1,8%, а годинава позитивата би била едвај 0,3%. Ако се направи пресек меѓу прогнозите на ЕУ, ЕБОР, ММФ, СБ, највисоки стапки на раст ќе испорачаат Македонија, Црна Гора и Косово.
Најлошо стоиме со невработеноста, но мора да се напомене дека позитивниот тренд продолжува, а според ММФ, во рок од две години стапката ќе се 25,7%. Од регионот со невработеност од околу 20% се бори Србија, БиХ се движи во рамките од 27%, во Хрватска е 18,4%. Грција е се уште над 25%.
„Дуинг бизнис“ – Македонија најдобра во регионот
Македонија и во последниот извештај на Светска банка е водечки реформатор и најдобро место за отпочнување нов бизнис. Земјава е на 30-то место, пред Црна Гора (36), Бугарија (38), Словенија (51), Грција (61), Хрватска (65), Албанија (68), Косово (75), Србија (91), БиХ (107).
-Македонија се приближи до најдобрите глобални практики, што е поважно од напредокот во рангирањето, бидејќи не влијае на релативните резултати на другите држави, наведе Светска банка за нашата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст