| четврток, 6 декември 2018 |

Глечерите на Монт Еверест може да се стопат до 2100 година

Научници направиле компјутерски модел на глечер во близина на Монт Еверест за да тесираат како тие би се однесувале во случај на понатамошни климатски промени.

mont everest

Една од симулациите покажала дека ледените полиња би можеле да се стопат.

Моделот покажал дека глечерите би можеле да изгубат меѓу 70 и 99 отсто од масата до 2100 година.

Сепак, истражувањата не треба да се поистоветуваат со научните предвидувања, бидејќи симулациите не се секогаш точни.

Глечерите се важни бидејќи влијаат на екосистемот и на климата на многу сложен начин. Тие се главни чинители на локалните хидролошки системи и можат да придонесат за раст на нивото на морето, ако се стопат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top