| четврток, 6 декември 2018 |

„Кој мастурбира, рацете ќе му затруднат во задгробниот живот“

 

Муслиманскиот проповедник Мухаид Чад Хан во еден настап на приватна турска телевизија изјави дека рацете на мажите кои мастурбираат „ќе затруднат во задгробниот живот“.

161635809255660a94b18e8492735653_v4_big

Со оваа изјава Хан стана топ тема во медиумите и по социјалните мрежи.

– Постои ли гинеколог во задгробниот жвиот? И дали таму горе е абортусот воопшто дозволен? – го праша еден корисник на „твитер“ проповедникот каде што Хан има повеќе од 12 илјади следбеници.

Во својот телевизиски настап Хан одговарал на прашања на гледачите, а главна тема била мастурбацијата околу која се кренала голема прашина. Тв-проповедникот останал затекнат со прашањето на еден гледач кој признал дека не може да оддолее на самозадоволувањето и покрај тоа што е во брак.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top