Во четврток, на 28 мај 2015, со почеток од 20 часот, во ликовните салони на Музеј Галеријa Кавадарци ќе биде отворена заедничка изложба на тројца млади, но веќе етаблирани ликовни уметници на кавадаречката и македонската ликовна сцена.
Со дела од нивните последни работни циклуси пред кавадаречката ликовна јавнoст ќе се претстават Горан Боев, Ива Јосифова и Трајче Јованов – сите од Кавадарци. Делата со кои се претставуваат за првпат се појавуваат пред јавноста.
Горан Боев (1982) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, одсек сликарство во класата на Благоја Маневски, а магистрира на истиот факултет под менторство на Симон Шемов. Член е на ДЛУМ и на ДЛУК. Зад него има повеќе самостојни изложби и учества на Меѓународни ликовни колонии, како и на групни изложби во Македонија и странство. На изложбата се претставува со повеќе оригинални акварели инспирирани од урбаните пејсажи на Париз и Милано, каде имаше повеќемесечен студиски престој.
Ива Јосифова (1980) дипломирала на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, одсек сликарство со рачно правена хартија во класата на Симон Шемов. И зад неа има повеќе самостојни изложби, дел и во странство, како и учества на бројни Меѓународни ликовни колонии. Актуелен Претседател е на Друштвото на ликовни уметници Кавадарци (ДЛУК). Член е на ДЛУМ. На изложбата се претставува со оригинално одработени теми од екологијата на рачно изработена хартија, а кои се дел од циклусот “Мирисот и душата на дрвото“ и преку нив природата ја внесува во галерискиот простор.
Трајче Јованов (1990) иако најмлад од тројцата автори, веќе сигурно чекори на ликовната сцена, особено преку соработката со најдобрите и најпознатите кавадаречки ликовни уметници. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности- Скопје одсек графика со модул конзерватор и реставратор во класата на Димитар Малиданов. Член е на ДЛУК, на Уметничката група “Сокол Арт“, како и ликовен координатор на активностите на Здружението за алтернативна култура “Алтер Центар“. Учествувал на повеќе меѓународни ликовни колонии и групни изложби во Македонија. Кон крајот на оваа година се очекува неговата прва самостојна изложба, а на изложбата се претставува со оригинални графики и цртежи, од циклусот кој започна со неговото дипломирање во 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст