ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција излезе со порака до лидерот на СДСМ Зоран Заев дека е готово со, како што велат, неговата штетна и погубна политика и стратегија и дека ниту еден креиран, сечен и монтиран материјал тоа не може да го промени.
– Вашата политика носи само штета на граѓаните, на сите, и на целата држава. Граѓаните го видоа тоа. Илјадници и илјадници излегоа на улиците на најголемиот политички собир во демократската историја на Македонија пред Собранието, за да ви покажат дека нема да дозволат вашето сценарио за дестабилизација да се реализира до крај. Готово е. Ќе мора да го прифатите тоа – изјави Илија Димовски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој нагласи дека се повеќе станува јасно и од, како што рече, нивните креирани и сечени материјали како овие денешниве дека „во ВМРО-ДПМНЕ има луѓе кои работат за својата земја и народ, дека се обидуваат согласно законите да реализираат проекти кои ќе обезбедат вработувања на луѓето и економски развој на државата, на ефикасна и правична борба против корупцијата со проверка на сите факти и аргументи и санкционирање на прекршителите на законите“.
Според него, јасно е дека СДСМ нема никаков аргумент за наводен сторен криминал, и дека под водство на Заев таа партија се претворила во клуб на оговарачи кој работи спротивно на интересите на државата, а вели, ја немаат поддршката од граѓаните, што е, наведува, јасно и од анкетите во целиот овој период.
– Господине Заев, вашата политика и стратегија нанесе голема штета и пакост на Македонија. Вашата политика нанесе штета на меѓународниот углед на државата, на стопанската активност на претпријатијата, на меѓучовечките односи, на довербата помеѓу граѓаните од различни етнички и религиозни групи. Секој граѓанин на Македонија ја плаќа цената на вашата желба за власт. Таа одговорност ќе си ја носите со вас, и вие и они кои ве поддржуваат, и ќе ви тежи до крајот на вашата политичка кариера. ВМРО-ДПМНЕ е партија која работи во интерес на Република Македонија и во интерес на сите нејзини граѓани. Вашата желба за власт нема да го промени тоа – рече Димовски на прес-конференцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст