Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите во Македонија во периодот од декември лани до мај оваа година разгледала 34 претставки, а основа за нивно испраќање во најголем дел се однесува на присустност на говор на омраза во медиумите, неточни и неурамнотежени информации, нарушување на угледот на засегнатите, клевета, навреда, дискриминација итн.
Советот за етика во медиумите денеска го одржа првото Годишно собрание, на кое членовите беа информирани за реализираните активности и за плановите за наредниот период.
Како што информираше претседателот на Комисијата за жалби, Мирче Адамчевски, од вкупно поднесените 34 претставки, Комисијата утврди основаност во 17 од нив, девет биле неосновани, четири се решиле по пат на медијација, односно извинување од страна на медиумот. Две биле задоцнети, една повлечена, а друга била отфрлена бидејќи се однесувала за социјална мрежа, а не за информативен медиум.
Според структурата на поднесувачите на претставките, најмногу до Комисијата се обратиле медиумите, односно вработени уредници или новинари – 18. Потоа следуваат поединци, граѓани, политичари…со 13 претставки, три се од институции и две од граѓански здруженија.
– Најмногу претставки има поднесено за порталите односно во 33 случаи, потоа за седум телевизии и за три весници – изјави Адамчевски, кој смета дека треба да сме задоволни од досегашниот број претставки имајќи предвид дека Комисијата функционира речиси половина година.
Според него, најмногу загрижува тоа што најмногу жалби се поднесуваат од страна на медиумите.
– Задоволителен е бројот на претставки од граѓаните, а очекуваме поголем број претставки од здруженијата на граѓани – рече Адамчевски.
Адамчевски вели дека работата на Комисијата покажала дека е потребно дополнување на Деловникот за нејзината работа.
– И покрај тоа што ние ги објавуваме одлуките на веб – страницата на СЕММ, сметаме дека има потреба од дополнување на Деловникот во смисла дека доколку некој медиум не објави одлука во рок од три дена, тогаш таа, покрај на веб-страницата на СЕММ, ќе биде испратена до сите медиуми – основачи на СЕММ, а ќе биде објавена на ФБ-страницата и Твитер на СЕММ, рече претседателот на Комисијата за жалби на СЕММ.
Директорката на СЕММ Марина Тунева информираше дека во иднина ќе се работи на континуирано информирање на јавноста за надлежностите на ова тело, како и на истражување поврзано со перцепцијата на саморегулација во медиумите и препознавањето на СЕММ во јавноста. Меѓу другото, ќе се работи и на унапредување на Кодексот на новинарите на Македонија и на негова примена во медиумското известување.
Членовите на СЕЕМ се согласија дека е потребна измена на Статусот на организацијата за да се надминат одредени недоследности кои се појавија во текот на работата, за што ќе биде одржано вонредно собрание на организацијата.
Сите претставки и одлуки на Комисијата може да се видат на веб-страната на СЕММ (www.semm.mk).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст