Полицијата го бара возачот на камионот марка „мерцедес“ без регистарски таблички, кој синоќа околу 21 часот успеал да избега од локалниот пат село Дуброво – Неготино, откако бил откриен како превезува илегални емигранти. Бегството се случило кога возачот на камионот, на стотина метри пред себе, ги забележал полицајците. Тој тогаш прво ја намалил брзината на движење на камионот од чиешто совозачко место скокнало едно лице и се дало во бегство кон винарската визба „Повардарие“. Потоа и тој скокнал и избегал кон блискиот рид, а возилото продолжило само да се движи уште педесетина метра, по што излетало од патот во канал.
По сообраќајната несреќа од камионот излегле седум лица илегални емигранти од Сирија и од Ирак на возраст од 18 до 46 години и едно десетгодишно дете. Тројца емигранти се обиделе да побегнат. Од страна на полициски службеник во воздух бил испукан еден куршум од пиштол, како предупредување. Емигрантите се смириле и биле фатени.
Откриените емигранти биле предадени на Регионален центар за гранични работи Југ и сместени во Прифатниот центар за странци на МВР.
Увид на лице место извршила увидна екипа од Регионален центар за гранични работи Југ.
Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на возачот на товарното моторно возило
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.