| четврток, 6 декември 2018 |

Стрелците се страствени, Рибите романтични – знакот покажува какви сте во љубовта

Причинита зошто ретро фразата за додворување „Што си во хороскоп?“ некогаш се шепкала на увото на симпатијата можеби лежи во тоа што секој хоропски знак си носи одредени карактеристики кога станува збор за љубовните врски. Од тврдоглавите Бикови, до пребирливите Јарци, прочитајте збор два за вашите љубовни навики според вашиот знак.

Овен

Кога станува збор за љубовта, Овните се ловци. Тие апсолутно сакаат да добиваат внимание, но и да глумат плен, кој не може лесно да се освои. Тие се независни, агресивни и возбудливи, и секогаш се расположени да се коцкаат во љубовните врски, па што биде – нека биде.

Бик

Биковите се сензуални и привлечни, но исто така и неверојатно тврдоглави (речиси никогаш не признаваат дека не се во право) и упорни. Понекогаш се и премногу упорни, што може да направи да изгледаат наметливи и да го исплашат партнерот што не се движи во врската со нивното темпо.

Близнаци

Главната карактеристика на Близнаците е дуалноста, што значи дека нивниот карактер се движи помеѓу желбата да го негуваат познатото и копнежот по нови искуства. Бонус: тие можат да бидат одлични во кревет. Исто така, тие се многу дружељубиви и расположени за флертување. Лошата страна? Можат да бидат истоштувачки од истите овие причини и постојано да размислуваат за сè и сешто.

Рак

Ракот е мајчински настроен, чувствителен и сака да ги негува другите. Сепак, тие имаат тенденција да ги земаат работите при срце, поради што сексот за една вечер или фактот што не сте се јавиле кога сте рекле дека ќе го направите тоа може да предизвика голем проблем во нивните глави.

Лав

Знакот на Лавот секогаш бара да биде во центарот на вниманието во врската, и обично го добива тоа. Тие се ентузијасти, кои уживаат во ласкање, поради што често прават работи што ќе ги издвојат од другите. Бидете внимателни, Лавовите сакаат драма и немаат проблем со тоа да предизвикаат кавга. Всушност, нивната нескротлива природа ужива во сценарија како од сапунска опера.

Девица

Девиците, генерално, се лежерни во своите врски, бидејќи во животот се среќни со едноставни нешта и не се грижат за малите работи. Тие се набљудувачки настроени и пресметливи, што може да биде добро кога треба да се гледаат работите логично. Нивна најголема пречка е тоа што често знаат да бидат срамежливи, па ако сакате да ги придвижите работите со Девиците, вие треба да го направите првиот чекор.

Вага

Бидејќи се најизбалансираниот знак во хороскопот, Вагите ги гледаат и двете страни на секое сценарио, што може да биде и добро и лошо, затоа што понекогаш имаат тенденција да анализираат сè, па дури и најобична порака. Во врските, нивната неодлучна природа често се прашува дали партнерот им е целосно посветен, а избегнувањето на директна комфирмација може да биде до пасивно-агресивна тензија.

Скорпија

Мистериозните и зајадливи Скорпии се еден од знаците на кои најтешко можете да им пријдете бидејќи тие не веруваат никому така лесно и можат да бидат претпазливи во врска со намерите на другите. Тие ја ценат искреноста кај партнерот, но ако нивната лојалност е изневерена, знајте дека секогаш ќе држат лутина.

Стрелец

Опишувани како директни типови што ја сакаат слободата, Стрелците нема да се двоумат да излезат низ вратата ако се чувствуваат несреќни во врската, што може да доведе до долга листа на скршени срца. Најчесто се страствени љубовници, кои сакаат да бидат сингл додека не најдат некој што е исто толку авантурист колку што се тие.

Јарец

Селективни и внимателни, Јарците се луѓе што не трпат глупости и одбиваат да го трошат своето време со кој било и подготвени се да чекаат додека дојде вистинската личност. Тие се, исто така, стабилни и лојални, но не и толку храбри и импулсивни, па не сакаат експериментирање.

Водолија

Иако се имагинативни и спонтани по природата, тие никогаш не се подготвени целосно да го дадат срцето и не се вљубуваат лесно. Тие знаат и да бидат екстремно резервирани, иако намерата не им е тоа, што може да направи да изгледаат без емпатија и ладни. Добрата страна на нивната природата е во тоа што се одлични во решавање на проблемите смирено и разумно.

Риби

Сензитивни, романтични и посветени, Рибите се скромни по природа, но исто така и не се поврзуваат толку лесно и им треба време за да создадат сериозна врска. Тие, исто така, не се справуваат лесно со одбивање и склони се на самосожалување, а ако некогаш се најдат во ситуација да имаат спротиставени ставови со партнерот, не се расправаат, туку едноставно исчезнуваат.

 Извор: Ladybook

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top