Бугарскиот град Пловдив и италијанскиот Матера денеска ќе бидат прогласени за eвропски престолнини на културата за 2019 година, соопшти Европската комисија.
Како што јави БТА, се очекува одлуката да биде потврдена на денешната седница на Советот на ЕУ за култура. Пловдив со тоа ќе биде привот бугарски град, што го добил овој статус.
Под мотото „Заедно“ градот ќе ја покаже својата мешавина од култури, вклучително на ромската заедница, така што ќе создаде нови можности за локалните жители, се наведува во соопштението. Комисијата наведува дека Пловдив и Матера ќе имаат четири години да се подготват за специјалниот статус.
Во изминатите 30 години 50 европски градови беа прогласени за Престолнини на културата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Балетскиот анасамбл на МОБ и Бисера Чадловска во Пловдив на „Опера опен“ (галерија)
-
Леуварден и Валета – престолнини на европската култура во 2018 година
-
Жестока тепачка на албански и бугарски навивачи во Тирана (ВИДЕО)
-
Берово ја презеде титулата „Град на културата“: До крајот на годината ќе се врати сјајот на манастирот „Архангел Михаил“