Генералниот секретар на Германската социјалдемократска партија Јасмин Фахими побара канцеларката Ангела Меркел да ги открие до 8 јуни објектите за следење на американската Агенција за национална безбедност (НСА).
Наведениот датум се совпаѓа со самитот на Г-7 во замокот Елмау во Баварија, а во Берлин веќе се зборува за можноста американскиот претседател Барак Обама да го откаже учеството на самитот, ако бидат објавени објектите, пишува германскиот весник „Билд“.
Американските власти ги отфрлија таквите информации.
– Ќе го кажеме тоа јасно. Не сме се заканувале и ниту сме разгледувале можност да го откажеме учеството на самитот на Г-7 по причини, поврзани со разузнавачките служби. Секакви други информации се целосно невистинити – изјави портпарол на Советот за национална безбедност во одговор на прашање на весникот.
Според весникот „Билд“, Фахими намерно го избрал датумот 8 јуни.
Самитот на Г-7 ќе се одржи на 7 и на 8 јуни во Елмау, на 90 километри од разузнавачкиот центар во Бад Ајблинг, од каде што германската Федерална разузнавачка служба вршела следење на комуникациите по нарачка на НСА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Америка во шок: Обама за малку избегна атентат со пакет-експлозив
-
Амбасадорите на Обама во Македонија и во околните земји работат на поткопување на суверенитетот на државите
-
Кој е режисерот, сценаристот и актерите против процедурата, волјата на народот и суверенитетот на Република Македонија
-
Обама се враќа