| четврток, 6 декември 2018 |

Награда „Даница Ручигај“ за Елена Пренџова

Поетесата Елена Пренџова е добитничка на наградата „Даница Ручигај“ што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија за најдобра стихозбирка од авторка, членка на македонската писателска асоцијација.

27052015102840_elena-02

Наградата ѝ е доделена за стихозбирката „Полтички коректна“, објавена од „Матица македонска“. Наградата се состои од плакета и таа ќе ѝ биде врачена во јуни, на посебна свеченост во Друштвото на писателите на Македонија.

Селекторот за доделување на наградата „Даница Ручигај“, поетот и литературен критичар Санде Стојчевски, во образложението пишува: „Творечките особености и квалитети во новата поетска книга на Елена Пренџова ја зацврстуваат оваа суптилна и бескомпромисна поетеса во редот на најосведочените лиричарки што ја красат нашата поезија, од кои едно од првите места ѝ припаѓа на незаборавната Даница Ручигај“.

Доделувањето на наградата е дел од активностите на Клубот на писателките, членки на ДПМ, што го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај. Признанието годинава се доделува првпат, соопшти ДПМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top